Европската Унија ќе плаќа повеќе за азотни ѓубрива со понизок квалитет

Европската Унија во иднина ќе плаќа повеќе за азотни ѓубрива, а ќе добива производи со понизок квалитет, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, реагирајќи на одлуката на Европскиот парламент да воведе многу високи царини за увоз на ѓубрива и земјоделски производи од Русија и Белорусија.

Песков истакна дека руските ѓубрива, вклучувајќи ги и азотните ѓубрива, претставуваат „највисок квалитет на светскиот пазар“ и дека Европската Унија со овој потег првенствено ќе ѝ наштети на сопствената економија, пренесува РИА Новости.

Портпаролот на Кремљ изјави дека руските производители ќе го пренасочат извозот кон земјите што водат попрагматична политика, додека Европа, како што рече, „како и многу пати досега – ќе ја плати цената на сопствените геополитички амбиции“.