Европските либерали со порака: “ЕУ не е целосна без Македонија како нејзина членка, а ЛДП е носител на факелот на социјалниот либерализам“

На денешната тематската конференција на Либерално-Демократска партија насловена како „Секој е важен! Овде и сега.“ свои обраќања имаа и меѓународните претставници Илхан Ќучук копретседавач на АЛДЕ, Роман Јакиќ, претседател на ЛИБСЕЕН – Мрежа на либерали од Југоисточна Европа, Јохан Лиандер претседавач на ЦИС, како и Ватрослав Белан, претседател на Либерална партија на Црна Гора. На настанот присуствуваа и либералите од Бугарија, партијата ДПС и од Косово Демократската партија, како и поддржувачите Фондација Фридрих Науман.

-Денес, се наоѓате во еден критичен период за вашиот народ, со изборите во 2024 година на прагот. Би сакал да кажам дека овие избори не само што претставуваат избор меѓу партиите во сегашниот миг, туку тие претставуваат избор за иднината на Северна Македонија во Европа. Како копретседател на Алијансата на либерали и демократи во Европа, изјавувам дека ние сме ваши лојални сојузници во Брисел и ја користиме секоја можност залагајќи се за пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, рече Илхан Ќучук во своето видео обраќање.

Тој додаде дека  ЕУ не е целосна без Северна Македонија како нејзина членка, а ЛДП има суштинска улога во целиот овој процес бидејќи токму оваа партија е носител на факелот на социјалниот либерализам во Северна Македонија, кој се усогласува со вредностите на ЕУ за слобода, еднаквост и владеење на правото. 

-Неуморната активност на ЛДП во македонскиот парламент и во Владата на Северна Македонија е доказ за посветеноста што ја покажавте за унапредување на либералните вредности и прогресивното владеење во Македонија и во нашиот регион. Предлозите за економските реформи, социјалната вклученост, одговорната надворешна политика, климатските промени и одржливоста на животната средина, дигиталната трансформација, образованието и владеењето на закон се принципи не се само основата на програмата на вашата партија, туку и движечката сила зад визијата на ЛИБСЕЕН за Југоисточна Европа и Европа како целина, рече Роман Јакиќ.

Јохан Лиандер посочи дека насоката на ЛДП за полиберална Северна Македонија е од исклучителна важност во период во кој се доведени во прашање либералните принципи кај неколку европски нации, во време кога столбовите на слободата на говор се поткопани, во време кога со правната автономија се прави компромис, кога слободата на печатот е во стеги и суштинското издигнување на поединецот е генерално под притисок.

– Ние, како либерали, мораме да се држиме едни до други, бидејќи заедно сме посилни. Мораме да ги браниме принципите на владеење на правото и демократските вредности, и тоа не го правиме само за наша добросостојба, тоа го правиме за нашите деца и внуци, не се бориме за да победиме за себе, туку се бориме за тоа секој еден човек да ја има можноста која ние ја имаме, а тоа е либерализмот. Нашата соработка со ЛДП е важна за нас. Ние сме дел од либералното семејство во Европа и во светот, нашата соработка добро функционира, но може и понатаму да се развива во насока на тоа да биде уште подобра, во тоа сум сигурен, додаде тој.

Ватрослав Белан им честиташе на македонските либерали за создавањето нова платформа и прилагодувањето на нивната политичка визија на новото, модерно време и предизвици што ги носи иднината.

 -Заедно со Вас, како наши долгогодишни пријатели и партнери во меѓународните либерални асоцијации, пред сè во ALDE и LIBSEEN, должни сме одговорно и бескомпромисно да работиме на воспоставување модерни либерални идеи, како клучен одговор и решение за повеќедецениските заблуди и неуспеси и конечно нашите две земји и Западен Балкан да станат составен формален дел од обединетото семејство на европски држави. Ние знаеме дека понатамошниот пат нема да биде лесен, никогаш и не бил, но преку соработка, меѓусебна поддршка, помош, размена на искуства, усвојување добри предлози и ефективна координација, сигурен сум дека ќе успееме, додаде тој.

Според Белан политичкото „проклетство“ на Либералите е што секогаш зборуваат за иднината, ја предвидуваат иднината и во сегашноста нудат ефективни и практични решенија за предизвиците што допрва претстојат, а програмската платформа на ЛДП  ја „крои“ македонската иднина.

СООПШТЕНИЕ – Либерално-демократска партија

ЛДПМакедонијаполитика