ЕВРО2024: Европската титула ја освојуваа 16 селектори

 Низ историјата на европските фудбалски првенства, вкупно 16 селектори можат да се пофалат дека ја освоиле титулата.
Ниту еден селектор ја нема освоено европската круна два или повеќе пати, а единствениот кој беше европски првак на клупата на странска репрезентација беше Германецот Ото Рехагел во 2004 година со Грците.
Паралелно, само двајца тренери имаат освоено светска и европска титула. Германецот Хелмут Шон го освои ЕУРО во 1972 година, а Светското првенство две години подоцна, додека Шпанецот Висенте дел Боске беше светски првак во 2010 година, а европски во 2012 година.
Германецот Берти Фогтс е единствениот кој ја освоил европската титула и како играч (1972) и како тренер (1996).
Највозрасен селектор кој ја освоил европската круна е Шпанецот Луис Арагонес, кој ја прослави во 2008 година со 69 години и 336 дена, а најмлад е неговиот сонародник Хозе Виљалонга, кој ја предводеше шпанската селекција до европскиот трон во 1964 година на возраст од 44 години и 192 дена.
Најмногу „трофејни“ селектори имаат Германците, четири, Шпанците тројца, Французите и Италијанците по два, а Русите, Чесите, Португалците, Холанѓаните и Данците по еден