Едвард П. Џозеф: “Санкциите за Александар Вулин се пресвртна точка на САД кон Србија“

Одлуката на администрацијата на Џозеф Бајден да го санкционира Александар Вулин, директор на БИА, би можела да биде пресвртница и да укаже дека САД одлучиле да го повикаат српскиот претседател Александар Вучиќ на одговорност за неговата внатрешна, регионална и меѓународна политика“, изјави Едвард П. Џозеф американскиот експерт за надворешна политика и предавач на вашингтонскиот универзитет „Џонс Хопкинс“ во интервју за DemoStat.

Да се дозволи Александар Вучиќ и неговите застапници како Александар Вулин да бидат неодговорни не е начин да се напредува во политиката во однос на Русија, Косово, српската демократија или други важни работи во српско-американските односи. Мислам дека САД покажаа дека сакаат пријателски односи со Србија. Сега е моментот, претседателот Александар Вучиќ да се повика на одговорност за обврските на својата Влада“, изјавил Едвард П. Џозеф.

Тој наведе дека од суштинско значење е ЕУ и САД да ги принудат Белград и Приштина да се договорат за цврст редослед на спроведување на Охридскиот договор и дека секоја страна мора да има гаранции дека и другата ќе го спроведе договореното.

Како што оцени, блокирањето на Косово од страна на Србија да се приклучи кон меѓународните организации, па дури и во билатералните, „е речиси опсесисивна“.

Тоа е темел и основа на односите со Русија. Изолацијата на Косово е главната компонента на односите со Кина, Иран, Венецуела, Куба и другите земји“, додаде тој.

Едвард П. Џозеф потсети и на неодамнешната изјава на Габриел Ескобар во Конгресот на САД, дека секоја страна треба да ги исполни своите обврски без оглед на тоа што прави другата страна, и тој се запраша дали – „тоа звучи реално, не само за Косово и Србија, туку и за кои било две земји – па дури и за кои било двајца луѓе ?

На прашањето дали мерките на ЕУ кон Косово ќе дадат резултати и дали планот на ЕУ од три точки ќе биде прифатен, тој вели дека – „врз основа на извештаите за средбите во Братислава и најавеното делумно повлекување на полицијата од северот на Косово, се чини дека има одредена деескалација, иако недоволна во однос на планот од три точки на ЕУ“.

Албин Курти е категоричен за насилството на 29. мај и верува дека тоа е прашање на владеење на правото. Се разбира, и косовските Срби заслужуваат владеење и почитување на правото. А опозицијата во Косово ја обвини косовската Влада за ова“, вели тој.

Што се однесува до можниот напредок, Едвард П. Џозеф повтори дека Србија има моќ во преговорите поради земјите кои не го признаваат Косово.

Ова го укинува поттикот за Србија да го затвори косовското прашање, освен ако Белград не добие ‘компензација’. И додека косовското прашање е отворено, Белград нема мотив конечно да се одлучи за својата стратешка ориентација – Запад или нешто друго. Тоа значи дека не само косовските Срби се пиони, туку и сите граѓани на Србија се заложници на овој конфликт“, вели тој.

Во врска со идејата за одржување меѓународна конференција за прашањето за Косово, Едвард П. Џозеф кажа дека дискусијата за меѓународна конференција е класичен случај работите да се прават по погрешен редослед.

Вистинското прашање е дали постои посветеност и волја во Вашингтон и Брисел да се имплементира постојниот договор. Во спротивно, конференцијата ризикува да се распадне, што рускиот претседател Владимир Путин би сакал да го види“, додаде тој.

Едвард П. ЏозефКосовополитикаСАДСрбија