Еден загинат и двајца повредени во Скопје

Синоќа во Скопје на улицата „Никола Карев “ која е позната како „ пластичарска“ се случила вооружена тепачка каде според официјалните информации две лица се повредени, а третото лице кое е повредено починало во. болницата, пренесува Телеграф Македонија.

„Во 23:45 часот во градската болница во Скопје ‘Ш.Наум Охридски’ бил донесен повредениот граѓанин Т.А.(24 год) од Скопје. По неколку минути во комплексот клиники „Мајка Тереза“ биле испратени две повредени лица О.Б.(19) и А.И.(29) двајцата од Скопје. Неколку минути по укажаната прва помош починал“, велат од МВР.

Убиениот е Амар Исмани, блогер и пејач од Скопје. Причините за тепачката не се познати.

Од Обвинителството велат дека се подигнати материјали од местото на настанот и дека дополнително ќе се истражува.

И од МВР соопштија дека се трага по лица кои можеле да го направат ова кривично дело.