Едно лице загина, а седум се полесно повредени кога камионот „Тесла кибертрек“ – производ на познатата фабрика на милионерот Илон Маск, експлодирал во средата наутро пред хотелот Трамп во Лас Вегас, соопшти локалната полиција.
„Има мртво лице во камионот“, рече шерифот на полицијата во Лас Вегас, Кевин Мекмахил, додавајќи дека уште седум лица се здобиле со полесни повреди по, како што рече, „голема експлозија“.
Илон Маск, шефот на Тесла, на својата социјална мрежа X објави дека неговите тимови го истражуваат случајот.
„Никогаш не сме виделе вакво нешто“, изјави Маск, еден од најпознатите застапници на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, пред чиј хотел се случи експлозијата.
На снимката објавена на социјалните мрежи, сиво електрично возило Cybertruck, паркирано пред влезот на хотелот со името Трамп истакнато во голем формат, експлодира во огромен облак од чад.
Експлозијата се случи само неколку часа откако поранешен американски војник, идентификуван од ФБИ како Шамсуд Дин Џабар, влетал во толпата минувачи во Њу Орлеанс, при што загинале најмалку 10 луѓе, а околу 35 биле повредени. Истражителите рекоа дека пронашле знаме на Исламска држава знаме во возилото.