Францускиот фудбалски гигант ПСЖ наводно започнал преговори со тренерот на Рома, Жозе Мурињо. Според веб-порталот Foot Mercat, парискиот тим сака да го донесе Португалецот, за кој веруваат дека може да го оствари нивниот најголем сон, а тоа е освојување на Лигата на шампионите.
Не е тајна дека, без разлика на веројатно освојувањето на шампионатот и Суперкупот на Франција, Кристоф Галтие на крајот од сезоната ќе стане поранешен тренер на клубот, а ПСЖ се чини веќе започна преговори со неговиот наследник.
Како потенцијален нов тренер на ПСЖ се споменуваше и Зинедин Зидан, но Французите сега пишуваат дека клубот започнал преговори со Жозе Мурињо, кој веќе ја освои Лигата на шампионите со Интер и Порто, а ја има и Лига Европа со Манчестер Јунајтед, а ја освои и новата Конференциската лига со Рома.
Со Рома оваа сезона стигна до полуфиналето на Лига Европа и се уште е во борба за тој трофеј, а во ПСЖ се надеваат дека следната сезона со него ќе атакуваат и на Лигата на шампионите. Очигледно Рома се уште не е вклучена во преговорите, а тоа ќе се случи доколку Португалецот и парискиот клуб се договорат за се.
Жозе Мурињо има договор со Рома до летото 2024 година, а се чини дека би можел многу порано да го прекине и да преземе еден од најбогатите клубови во светот.