Еден од најголемите фудбалски таленти кој кариерата ја започна во Челзи заработува милиони продавајќи марихуана: “Тоа е вистински лек!“

Поранешниот српски фудбалер Марко Митровиќ целосно ја смени работата и сега заработува милиони продавајќи марихуана. Фудбалската кариера тој ја започна во фудбалската школа на Челзи и во 2008 година беше познат како еден од најголемите таленти.

Меѓутоа, кога тој требало да дебитира за првиот тим на лондонскиот клуб, заработил тешка повреда на зглобот со која ја завршил кариерата. Четири пати ги скинал лигаментите на зглобот и неколку пати бил опериран. Кон крајот на кариерата настапувал за Раднички од Ниш и Динамо Врање, а во тоа време започнал и со CBD терапија која, вели, многу му помогнала.

Марко Митровиќ тогаш одлучил дека сака да се занимава со продажба на марихуана, односно нејзината правна форма која содржи само CBD, а не психоактивна THC. Тој го основал брендот Arktis naturals со својот брат и набрзо стана еден од лидерите во индустријата.

Од првиот ден, целта на нашата компанија е на сите да им понудиме долгорочно решение за нивните проблеми со природни состојки. Сакаме да ја третираме причината за проблемот, а не само симптомите. Како резултат на сето ова, ја создадовме најистражената, искрена и доверлива CBD компанија која им помага на луѓето од сите сфери на животот и возрасти“, се вели на веб-страницата на Arktis naturals.

За две години од основањето и регистрацијата на компанијата во Лондон, Марко Митровиќ, кој живее во Дубаи со својата девојка Американка, од компанијата заработил пет милиони фунти, а прогнозите се дека следната година добивката ќе скокне на цели 15 милиони фунти. Тој вели дека тестирал се на себе за да се ослободи од болката предизвикана од тешките повреди.

Има неверојатна разлика од самото тоа што почнав да го користам ова во споредба со мојата состојба претходно. Сметам дека овие производи се вистински лекови. Ова се производи кои навистина им помагаат на луѓето. Можам да тврдам такво нешто затоа што ги пробав на себе. Бев лабораториски глушец. Сето ова го кажувам од лично искуство. Освен мене, тоа можат да ви го кажат повеќе од 30.000 задоволни клиенти само во Шведска кои ги користеле нашите производи“, изјавил Марко Митровиќ во интервју за шведскиот весник Sportbladet.

Марко Митровиќ открил и дека е голем работохолик кој се буди секој ден во пет и пол часот наутро, го прави својот тренинг и оди на работа. Веќе нема време за фудбал, па често не успева да гледа ниту еден натпревар до крај, но се уште не се откажал од спортот што го сака, па не исклучува враќање на теренот.

марихуанаМарко МитровиќСрбијафудбал