Еден од најмоќните луѓе во фудбалот стави крај на шпекулациите: “Килијан Мбапе ? Нема да го пуштиме така, тоа е невозможно!“

Напаѓачот на Пари Сен ЖерменКилијан Мбапе, мора да потпише нов договор доколку сака да остане во клубот бидејќи францускиот шампион нема да го пушти бесплатно следната година, соопшти во средата претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи.

Килијан Мбапе минатиот месец испрати писмо до ПСЖ во кое вели дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува во 2024 година.

Французинот подоцна појасни дека не побарал од клубот да му дозволи трансфер во шпанскиот гигант Реал Мадрид, кој во минатото неуспешно се обидуваше да го доведе младиот напаѓач.

ПСЖ сега се соочува со голема дилема. Доколку му дозволат на Килијан Мбапе да ја заврши последната година од неговиот договор, клубот нема да може да врати ниту една од 180-те милиони евра што ги потроши во 2017 година за да го ангажира од Монако.

Мојот став е многу јасен. Не сакам да го повторувам секој пат: ако Килијан Мбапе сака да остане, ние сакаме тој да остане. Но, тој мора да потпише нов договор“, изјавил Насер Ал-Хелаифи на новинарите откако го претстави Луис Енрике за нов менаџер на клубот.

Не сакаме бесплатно да го загубиме најдобриот играч на светот, не можеме да го направиме тоа. Ова е француски клуб. Тој кажа дека никогаш нема да не напушти. Ако денес се предомисли, не сум јас виновен. Не сакаме бесплатно да го загубиме најдобриот играч на светот, тоа е многу јасно“, нагласил тој.

Килијан Мбапе мора да одлучи следната недела или за две недели. Ништо повеќе од ова“, изјавил тој за Le Parisien.

Ако не сака да потпише нов договор, вратата му е отворена. Никој не е поголем од клубот, ниту играч, дури ни јас. Тоа е многу јасно“, кажал Насер Ал-Хелаифи.

Килијан Мбапе заврши како најдобар стрелец во француското првенство во последните пет сезони и ПСЖ ќе се обиде да го задржи откако веќе го загуби Лионел Меси на слободен трансфер.

Килијан МбапеНасер Ал-ХелаифиПСЖфудбал