„Еден од најскапите на Балканот!“ Еве колку се проценува милионското богатство на Здравко Чолиќ

Го споредуваа со светска ѕвезда

Најголемата југословенска поп ѕвезда, Здравко Чолиќ, важи за еден од најбогатите пејачи на Балканот, според американскиот сајт „CelebrityNetWorth“, кој известува за имотот и богатството на познатите личности.

Неговото богатство се проценува на дури 20 милиони долари, како што наведува споменатата страница.

Чола дури беше споредуван со легендарниот Том Џонс.

– Чола е Србинот Том Џонс. Има издадено 15 албуми и има статус на еден од најскапите пејачи на Балканот. Го наполни стадионот Маракана, Ушче, а во 2019 година постави апсолутен рекорд со шест концерти по ред во белградската Арена, каде го слушаа 110.000 луѓе – пишува „CelebrityNetWorth“.

Да потсетиме, Здравко Чолиќ е пејач од Босна и Херцеговина, еден од омилените во целиот регион.

Од 1989 година живее во Белград, каде е и денес.