Хајделберг е еден од најубавите градови во Германија. Ги маѓепсува посетителите со својата традиција, архитектура и култура. Сместен на брегот на реката Некар и опкружен со зелени ридови, зрачи со шарм и елеганција што ги остава посетителите без здив.
Во овој универзитет, млад град со богата историја во Германија, автомобилите веќе не се добредојдени.
Германскиот град Хајделберг е најпознат како научен град со најстар универзитет во земјата, чија историја ја раскажува и познатиот замок стар над 800 години. Замокот е мешавина од готска, ренесансна и барокна архитектура. Со своите кули и бастиони нуди незаборавен поглед на градот и реката, а тоа е првото нешто што го забележуваат туристите.
Меѓутоа, во поновата историја ќе биде познат и по нула емисии на јаглерод диоксид и други стакленички гасови кои предизвикуваат глобално затоплување. Покрај индустријата, чие штетно влијание е сведено на минимум, посебно внимание се посвети на автомобилите и сообраќајот. Во Хајделберг автомобилите ќе станат исклучок, а не правило.
Новиот план на градоначалникот се заснова на искоренување на класичните автомобили, а градот дава субвенции за набавка на електрични автомобили. Дополнително, се трансформира целиот градски транспортен систем, се воведуваат автобуси на водород. Се гради и мрежа на „суперпатишта“ за велосипеди кои би го поврзале градот со околината. Населбите се исто така дизајнирани да ја обесхрабруваат употребата на возила со цел да се поттикне пешачењето.
Во Хајделберг 80% од жителите повеќе не користат автомобил, а се очекува за неколку години автомобилот да биде атракција и вистинска реткост во градот. Дури и ако забележите еден, ќе треба да има валидна еко налепница што потврдува дека автомобилот е доволно добар за да влезе во еко зоната. Во спротивно, пропишана е глоба од 80 евра плус 25 евра такса за обработка.