– Голманот на Манчестер сити, Едерсон постави клупски рекорд по бројот на натпревари без примен гол во Премиер лигата.
Натпреварот од 26. коло на англискиот шампионат вчеравечер против Борнмут (1:0) беше 110. пат за Бразилецот да ја сочува мрежата на „Граѓаните“. Претходниот рекорд му припаѓаше на Џо Харт (109).
Едерсон го зазема 15-тото место во историјата на Премиер лигата по бројот на натпревари со „чиста“ мрежа. Рекордот му припаѓа на поранешниот голман на Челзи и Арсенал, Петр Чех (202).
Манчестер сити по 26 кола е втор во поредокот во Англиското фудбалско првенство со еден бод заостанување од лидерот Ливерпул.