“ЕДИНСТВЕНО БУГАРИТЕ СЕ ПОЛОШИ ОД НАС, затоа секој ден треба да се молиме тие да постојат”! Милановиќ ја стави Софија на “апарати за дишење”

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека Хрватска е „дно на ЕУ“ во споредба со поранешните социјалистички држави и дека само Бугарија е полоша.

-Бугарија е единствена полоша од нас и секое утро се молиме на Господ ништо да не и се случи, да има кој да биде последен. Со тоа не треба да се задоволуваме – рече Милановиќ на седницата на градскиот совет на Златар, по повод Денот на тој град.

Тој посочи дека Хрватска за почеток мора да биде некаде на средина, а потоа да размислува да биде најдобра во конкуренција на Унгарија, Чешка, а не како што рече, Данска и Шведска.

  • Да бидеме како Словенија, која имаше менаџерска вештина и среќа да се развива малку поинаку од Хрватска во последните 30 години и тоа се гледа – изјави Милановиќ, пренесува Хина.

Тој додаде дека на Хрватска и треба децентрализација, истакнувајќи дека секогаш е големо прашање до кој степен државата може најдиректно да им ја предаде власта на народните избраници, без „да биде потресена“.

Тој оцени дека нивото на децентрализација во Хрватска е „за жал сиромашна и непостоечка“.

-За жал, таму ништо не се прави, не затоа што не се знае, затоа што моделите постојат, туку затоа што нема да се направи, затоа што се губи политичкото влијание, рекетот и можноста за изнуда… Значи ова е изнуда, ќе го направиш мојот начин и ќе добиеш пари – нагласи Милановиќ.

Тој кажа и дека поговорката вели дека „од кал не се прави штрудла, но од штрудла се прави кал“.

Тој ги повика жителите на Златар да ги искористат сите европски фондови кои им стојат на располагање, бидејќи, како што наведе, „нема да доаѓаат вечно“.