Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ужива светска слава, според многумина тој е најдобриот фудбалер на сите времиња.
Но, еден играч беше далеку поталентиран од него. Дури и самиот Кристијано му призна. Но, неговиот животен пат го однесе на другата страна.
Кристијано Роналдо и Фабио Паим заедно го трасираа патот низ фудбалската академија на Спортинг. И сите велеа дека Фабио е далеку поголем талент.
,,Кога игравме за Спортинг и живеевме во академијата, живеевме на стадион. Навечер одевме во Мекдоналдс за да земеме хамбургери кои никој не ги сакаше и кои не беа доволно добри за да ги продадеме. Секоја вечер одевме да земеме хамбургери. Клубот го знаеше тоа, не беше како што е сега, имавме дозвола да го сториме тоа“, рече Паим во неодамнешната исповед за британските медиуми.
,,Го запознав Роналдо кога имав осум години, бев нов во Спортинг и отидовме на турнир во Мадеира. Уживавме. Го паметам како голем работник, посветен и некој кој сакаше да биде најдобар. Тој труд го доведе таму каде што е денес. Не можеше да препостави колку ќе биде познат“.
Паим ја продолжи својата приказна потсетувајќи се на 2003 година и заминувањето на Роналдо во Манчестер Јунајтед. Се сеќава дека Роналдо тогаш рекол:
„Ако мислите дека сум добар, почекајте да го видите Фабио Паим“.
До денес, Паим останува единствениот за кој Роналдо јавно кажа дека е подобар играч од него, според The Sun.
„Кога играв, да го вложев истиот труд и да бев посветен, ќе бев подобар од него. Бев подобар во техниката, бев како малиот Роналдињо. Но, како што можеме да видиме, не е само до техника“.
„Се каам за некои одлуки што ги донесов, но знаејќи се себеси, би било невозможно да бидам на нивото на Кристијан. Но, да, во еден момент бев подобар играч од него. Тој треба да ми даде една од неговите Златни топки.”
Паим призна дека повеќе нема контакт со Роналдо, но и дека неговиот тренинг го гледал од прозорецот на својата ќелија во 2019 година, кога бил затворен поради сомнение за шверц на дрога.
Тоа не беше негова вина. Денес живее во локалното село Виљамура и се занимава со риболов.