ЕДИ РАМА ВО УЛОГА НА СТЕНД АП КОМИЧАР – Премиерот на Албанија кажа виц за Владимир Путин и смртта на Евгениј Пригожин, а неговите зборови се вистински хит на Интернет!

На неодамна одржаниот форум кој се одржа во Блед, премиерот на Албанија, Еди Рама го привлече вниманието на светските медиуми со шегата што ја кажа.

На Стратешкиот форум во Блед, Словенија, тој кажа шега за рускиот претседател Владимир Путин пред стотици луѓе и пред премиерите на Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Косово.

Еди Рама на крајот од својот говор им се обрати на соговорниците со: „Не знам дали сте слушнале дека Русија сака да ги обедини своите временски зони, бидејќи тие имаат девет часа разлика меѓу двата краја на земјата“, а потоа продолжи:

Премиерот оди кај Владимир Путин и му вели: ‘Имаме проблем’. Моите беа на одмор, им се јавив да им посакам добра ноќ, но кај нив веќе беше утро. Му се јавив на Олаф Шолц да му честитам роденден, но тој кажа дека роденденот му е следниот ден. Му се јавив на Си Џинпинг да му ја честитам Новата година, но тој ми кажа дека е сè уште стара година. Во тој момент, Владимир Путин одговара: Да, тоа ми се случи и мене. Се јавив во семејството на Евгениј Пригожин да им изразам сочувство, но авионот се уште не беше полетал“, изјави Еди Рама.

Неговата шега беше проследена со цела смеа.

Да потсетиме, Евгениј Пригожин, водачот и основач на Вагнер, беше прогласен за мртов откако авионот во кој се наоѓаше се урна во областа Твер во Русија.

Владимир ПутинЕвгениј ПригожинЕди РамаРусијасмрт