Премиерот на соседна Албанија, Еди Рама, изврши реконструкција на Владата и разреши шестмина министри во неговиот кабинет.
Еди Рама, меѓу другото, ја разреши и шефицата на албанската дипломатијата, Олта Џачка, пренесуваат соседните медиуми.
Еди Рама побара од претседателот на Албанија, Бајрам Бегаи, да донесе указ за оваа работа, а најавено е дека измените ќе му ги презентира денес на Бајрам Бегаи.
Олта Џачка повеќе нема да биде министерка за европски и надворешни работи, а според информациите на таа функција ќе биде именуван Игли Хасани.
Делина Ибрахимај ќе му ја препушти функцијата министер за финансии и економија на Ервин Мета.
Делина Ибрахимај сега ќе биде министер за претприемништво, а на таа функција досега беше Едона Биљаљи.
Актуелната министерка за здравство, Огерта Манастирљу, наместо Евис Куши ќе биде министерка за образование и спорт, а нејзината функција ќе ја преземе Албана Кочи.
Еди Рама ја смени и министерката за земјоделство Фрида Крифца, која ќе ја замени Анила Денај, која беше министерка за економија.
Ново име во кабинетот ќе биде Арбјан Мазнику, кој ќе биде министер за локална администрација.
Еди Рама најави дека во октомври ќе биде свикан конгрес на неговата Социјалистичка партија на Албанија на кој ќе бидат одобрени промени во структурата на секретаријатот на партијата.