Пол Гринберг, американски писател и љубител на риболовот, решил да спроведе необичен експеримент – една година јадел риба за секој оброк. По овој несекојдневен предизвик отишол на лекарски преглед, а резултатите биле неочекувани. Лекарот бил особено изненаден од еден од наодите и тоа го натерало да размислува понатаму.
Американскиот писател и страстен рибар Пол Гринберг решил да спроведе необичен експеримент – една година консумирал риба секој ден за сите оброци.
Призна дека не било лесно, но успеал да издржи, а потоа си ја проверил и здравствената состојба. По лекарскиот преглед, резултатите го изненадија неговиот лекар !
Сè остана непроменето освен крвниот притисок кој се зголеми.
– Докторот беше изненаден од резултатите по една година од мојата исхрана со риби. Единствено што го загрижи е зголемениот притисок – изјави Пол. Тој додаде дека се чувствува одлично, имал доволно енергија и не се разболел ниту еднаш во текот на таа година.
Кога новинарите го прашале зошто го избрал овој начин на исхрана , Гринберг објаснил дека сака да реши некои здравствени дилеми.
– За рибите и морските плодови пишувам повеќе од една деценија, а тие често се сметаат за „здрава храна“. Исто така, постојат докази дека земјите каде што често се консумира риба имаат пониски стапки на срцеви заболувања и подобри здравствени резултати. Си помислив, што ќе се случи ако рибата ја направам главна храна? Сакав да откријам каков ефект ќе има на моето срце и ментално здравје – изјави Пол.
Експериментот на Гринберг го привлече вниманието на многу медицински експерти. Тие се согласија дека рибата е корисна за здравјето, но само ако се консумира умерено. Омега-3 масните киселини, присутни во масните риби, растителните масла и животинските масти, имаат корисен ефект врз функциите на мозокот, срцето и видот. Се препорачува овие хранливи материи да се консумираат еднаш или двапати неделно.