Со оглед на фактот дека расте бројот на луѓе кои го исфрлаат белиот шеќер од исхраната, популарноста на медот почна расте.
Нутриционистите советуваат да го додавате во овесна каша, но и во останати специјалитети. Редовното јадење мед го подобрува имуниот систем, но тоа е само една од низата придобивки од оваа намирница.
Медот ги подобрува циркулацијата и работата на срцето, го подобрува и срцевиот ритам. Покрај тоа, позитивно влијае на дигестивниот систем и обновувањето на ткивата, а помага и во обновување на крвните елементи.
Медот има антибактериско дејство, го подобрува отстранувањето токсични материи од организмот, а делува и против стрес.
Затоа, почнете го денот со лажица мед и бргу ќе ги чувствувате придобивките.