Една од најталентираните шведски спортистки, Емилија Брангефалт (21), почина вчера откако, според шведските медиуми, извршила самоубиство.
Младата и перспективна атлетичарка, која покажа голем потенцијал со освојувањето на петтото место на Светското првенство во Инсбрук на почетокот на годинава, минуваше низ тежок период поради нејзината здравствена состојба.
Емилија пред само неколку недели на Инстаграм објави дека во текот на летото мора да ја заврши кариерата поради екстремно високиот пулс. Рекла дека телото и се „исклучило“ и морала да престане да го работи она што го сака.
„Повеќе не можам да се занимавам со овој спорт поради екстремно високиот пулс од 120 до 150 во минута дури и кога стоев. Дури и одењето сега е болно“, рече Брангефалт на 4 ноември на нејзиниот Инстаграм.
Според соопштението на Шведската атлетска федерација, Емилија Брангефалт извршила самоубиство.
„Во последните месеци Емилија се чувствуваше многу лошо физички и психички. Имаше поддршка од најблиските, но стави крај на маките“, соопштија синоќа од здружението.
Младата планинска тркачка на 20 години освои златен медал во Генарп, а потоа и бронза на Светското првенство во Тајланд. Петтото место на Светското првенство претходно оваа година е нејзиниот најголем успех.
Претседателката на Шведската атлетска федерација Кајса Бергквист додаде дека е една од најталентираните шведски спортистки која цел живот била пред неа.