Рафаел Надал во голем стил се врати на теренот.
„Бикот од Мајорка“ на стартот од турнирот во Бризбејн во два сета (7:5, 6:1) го „збриша“ Доминик Тием, а потоа ги сподели впечатоците.
„Ви благодарам на сите, ви благодарам што навивате за мене. Овој натпревар беше многу емотивен и многу важен во мојата кариера. Една од најтешките години е зад мене, но морам да бидам горд на начинот на кој играв денес. Задржав прилично добро ниво. Благодарност до моето семејство кое беше тука и кое е со мене“, изјави Рафаел Надал.
„Играше добро додека не го направив првиот брејк. Тоа беше пресвртниот момент во натпреварот. Знаеме и дека Доминик Тием имаше многу тешки моменти зад себе, му посакувам се најдобро во продолжението на кариерата“, истакна Рафаел Надал по победата над Австралијанецот.
Рафаел Надал откри и што му било најважно во деновите на рехабилитација.
„Поддршка, секако! Имам одлични луѓе околу мене, добивам илјадници пораки дневно. Ми недостигаше сето ова, ми недостигаше да бидам здрав и конкурентен на турнејата. Имав голема поддршка овде во Австралија во текот на мојата кариера и не можам доволно да ви се заблагодарам за сето ова“, вели Рафаел Надал.
Ова беше 1069-та победа во кариерата на Рафаел Надал и тој сега го надмина Иван Лендл на вечната листа и се најде зад Џими Конорс, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Рафаел Надал истакнува дека не му е толку важно што пристигнал зад Новак Ѓоковиќ.
„Искрено, денес не ми е многу важно. Најважно ми беше што работев напорно за да стигнам до ова ниво“, заврши Рафаел Надал.