Ѕвездите од хит-серијата „Modern Family“, раскошните Софија Вергара и Џо Маганиело по седум години брак решија да се разведат. Тие важеа за еден од најубавите, но и најстабилните парови од светската јавна сцена. По тој повод тие излегоа со соопштение, а одлуката шокираше многумина.
Инаку, одамна Џо Маганиело го немаме видено покрај актерката, што на некој начин го навести крајот.
„Ние ја донесовме оваа тешката одлука да се разведеме. Како луѓе кои многу се сакаат и се грижат еден за друг, љубезно ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој момент додека се движиме во оваа нова фаза од нашите животи“, стои во соопштението на Софија Вергара и Џо Маганиело.
Добро упатени извори за светските магазини велат дека веќе поранешните сопружници некое време се отуѓени еден од друг.
Првиот брак на Софија Вергара траеше само една година, по што таа извесно време беше во врска со Крис Пачиело, член на банда кој соработуваше со семејството Бонано. Кога Крис Пачиело беше уапсен во 2000 година и обвинет за убиство на домаќинка четири години претходно, актерката сакаше да го продаде својот дом во Мајами за да плати кауција од 15 милиони долари.
Ниту таа врска не траеше многу. По него, таа стапи во врска со колумбискиот нарко-крал Андрес Лопез, а потоа и со Ник Лоеб со кој водела жестока битка за ембрионот! Во јули 2014 година го запознала Џо Манганиело, а сега на таа приказна и дојде крајот!