Една од најубавите жени во светот, италијанска актерка и модел, која во моментов го промовира филмот „Beetlejuice“ (во режија на нејзиниот партнер Тим Бартон) и игра во претстава за оперската дива Марија Калас, проговори во интервју за „Нови Магазин“ за нејзината кариера, љубовта кон актерството.
Од дете го сакам модниот дизајн. Почнав да работам на филм на убедување на неколку пријатели и колеги, во соработка со мојот инстинкт и љубопитност. Отпрвин не знаев дали сè уште сум модел или дали сум станала актерка. Сакав да бидам актерка, но беше тешко да се поверува. Сега работите си дојдоа на свое место и понудите што ги добивав стануваа се поинтересни. Мојот инстинкт отсекогаш ми кажуваше дека филмот е простор каде можам да го изразам мојот талент. Да се биде актерка е сублимација на женственоста“ изјавила Моника Белучи, издвојувајќи ги како омилени филмови „Апартман“ и Малена“.
Актерката додала дека најмногу научила во текот на кариерата од поранешниот сопруг Винсент Касел, но кога би можела да избере, најмногу би сакала повторно да работи со Роберт де Ниро, бидејќи „го доживува како нејзин постар брат“.
Зборувајќи за тоа колку убавината може да помогне во животот и кариерата, Белучи рече дека секоја дама е убава на свој начин.
„Ако си глупав, убавината е хендикеп. Ако си мудар и знаеш да ја искористиш, тогаш не е. Убавината ја буди љубопитноста на другите луѓе. Сепак, како што би рекол Оскар Вајлд, убавината трае само пет минути доколку немате нешто друго да ја одржите таа љубопитност. Познавам многу убави луѓе чии животи се толку страшни. Мојот изглед секако влијаеше на мојата кариера и мојот приватен живот. Сепак мислам дека не би направила ваква кариера ако бев само убава. Режисерите не ве повикуваат на кастинг поради вашата убавина, туку поради вашиот талент. Мојата кариера е возбудлива, но љубовта е на прво место, пред сè љубовта од вашите најблиски. Среќна сум затоа што сум сакана“, изјавила таа.