Манекенката Хајди Клум ја организираше својата 23-та годишна забава за Ноќта на вештерките во Њујорк. Таа повторно изненади со својот костим, како и многу познати личности.
Оваа година, за нивната 23-та забава по повод Ноќта на вештерките , манекенката Хајди Клум и нејзиниот сопруг, германскиот гитарист Том Каулиц, беа облечени како Е.Т верзија на познатиот вонземјанин
Никол Шерцингер облекла едноставен фустан и била испрскана со вештачка крв по вратот, градите и брадата за да личи на вампир. Бетани Френкел беше облечена како Wonder Woman и имаше препознатливо црвено-сино-бело трико.
Внимание на забавата привлече и ќерката на Хајди, Лени Клум, која беше непрепознатлива како вонземјанка во секси металик облека, со антени и црни очила. Чарли Д’Амелио се облече како балерина, поточно актерката Натали Портман, која глумеше балерина во филмот „Black Swan“ од 2010 година.
Беа видени многу други фантастични и имагинативни костими, но водителите Хајди Клум и Том Каулиц беа ѕвездите на вечерта.
На минатите забави за Ноќта на вештерките, Хајди Клум исто така имаше впечатливи костими. Некои од најинтересните костими на Хајди Клум до денес вклучуваат лизгачки црв од 2022 година, како и костим на паун од 2023 година, кој го изведе со девет акробати облечени како нејзините канџи и пердуви.