На работните места како правото, клиентите повеќе им веруваат на луѓето кои носат очила затоа што тие влеваат поголема самодоверба, покажува друга британска студија.
Според истражувањето на Универзитетскиот медицински центар во Германија, луѓето кои носат очила често се најпаметните во општеството и не треба да се задеваат поради тоа.
Имено, дури 53 отсто од високообразованите луѓе страдаат од миопија или кратковидост , додека само 24 отсто од луѓето без високо образование имаат иста дијагноза, пишува Elite Daily.
Научниците истражувале 45 генетски особини кои предизвикуваат миопија и заклучиле дека нивниот ефект е многу послаб од нивото на образование. Тоа го поткрепува и фактот што луѓето со наочари на работа не се гледаат само како попаметни, туку и попрофесионални.
На работните места како правото, клиентите имаат поголема веројатност да им веруваат на луѓето кои носат очила затоа што тие влеваат поголема самодоверба, покажува друга британска студија.
Исто така, 40 отсто од „здравите“ испитаници изјавуваат дека со задоволство би носеле очила за побрзо да се вработат.