“ЕДНА РАБОТА СУГЕРИРА ДЕКА ТОЈ Е ВМЕШАН!“ – Познат украински бизнисмен е поврзан со нападот на гасоводот “Северен тек“ !?

Разузнавачките агенции кои ги истражуваат нападите на гасоводите „Северен тек“ се обидуваат да утврдат дали со истите е поврзан и познат украински бизнисмен, пишува угледниот весник The Telegraph.

Овој поединец, чие име е познато на весникот, е поврзано со нападот поради карактеристика за него што се чини отворено сугерира дека тој бил вмешан.

Извор од европската безбедносна заедница потврдил дека истражителите го следат, но не сакал да открие дали бизнисменот е осомничен.

Малку е веројатно дека неговото име ќе биде откриено јавно бидејќи тоа би можело да го поткопа единството на Западот за конфликтот во Украина, кој би можел да се претвори во долготрајна војна на трошење на ресурсите во наредните месеци.

Три од четирите подводни цевки кои го сочинуваат „Северен тек 2“ беа разнесени на 26. септември 2022 година. Гасоводот, кој беше изграден за Русија да испорачува природен гас во Германија, не работеше во моментот кога беше нападнат а во овие експлозии немаше ниту повредени.

Германија, Шведска и Данска во моментов го истражуваат инцидентот.

Американските власти претходно оваа недела рекоа дека разузнавачките информации што ги разгледале сугерираат дека нападот можеби бил извршен од проукраинска група. Официјални лица додадоа дека групата ангажирала пловно возило за целта на акцијата во Полска.

NewYork Times пишува дека нема индикации дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите соработници го наредиле нападот на „Северен тек“. Сепак, официјални лица изјавија дека е можно нападот да го извршила група поврзана со украинската влада или со украинските безбедносни служби. Се наведува и дека е можно нападот никогаш да не бил официјално одобрен за реализација.

Извори за The Telegraph велат дека медиумските извештаи не помагаат во истрагата за инцидентот.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ги отфрли тврдењата дека украинската влада била вмешана во инцидентот и порача: „Тоа нема никаква врска со нас. Истрагата ќе ги открие сите детали. Тоа е еден вид комплимент за нашите специјалци, но ние не го направивме тоа“.

Имаше напад на гасоводот „Северен тек“, саботажа, но се уште не успеавме да откриеме кој стои зад тоа. Националните истраги се во тек и мислам дека треба да почекаме да завршат пред да кажеме кој го изврши“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред состанокот на европските министри за одбрана во Стокхолм, Шведска.

Мораме да откриеме дали нападот го извршила украинска група и дали Киев ја издал наредбата или дали некоја проукраинска група била одговорна за нападот без Киев да знае за тоа“, кажа германскиот министер за одбрана Борис Писториус и додаде: „Исто така, можно е да се работи за подмолна операција извршена од трета страна, за да може да се обвини Украина за тоа“.

Во јануари, германските истражители го пребараа бродот што наводно се користел во нападот.

Германските медиуми во вторникот објавија дека нападот најверојатно го извршила шестчлена група составена од капетанот на бродот, двајца нуркачи, двајца нуркачки асистенти и еден доктор.

Не е познато од кои земји потекнуваат наводните напаѓачи, а германските медиуми јавуваат дека користеле лажни пасоши.

Ако се покаже дека некој украински елемент бил вмешан во нападот, Зеленски ќе биде посрамен, па дури и да се покаже дека официјален Киев не знаел апсолутно ништо за нападот. Украинскиот претседател вложи големи напори да ја убеди Германија да му испрати модерни борбени тенкови.

Бидејќи нападот на „Северен тек“ беше обемен и логистички сложен, повеќето коментатори претпоставуваа дека го извршила земја со моќна морнарица. Западот најпрво мислеше на Русија, земја позната по својата подводна војна. Од друга страна, Русија ја обвини Велика Британија и нејзината морнарица за нападот. Британците ги отфрлија овие обвинувања и изјавија дека тие не се поврзани со нападот.

Еден експерт за поморска војна изјави за The Telegraph дека е можно нападот да бил извршен во приватен аранжман и дека не мора да вклучува нечија морнарица.

Тој додаде дека нуркачите кои работат во енергетскиот сектор имаат доволно инженерско знаење за да работат на големи длабочини и знаат како да ракуваат со експлозиви.

војнаГерманијаРусијаСеверен текУкраина