Универзитетската болница во Базел препишува пиво за лекување на ефектите од делириум кај пациентите на интензивна нега како дел од клиничката студија.
Случајно избраните пациенти на интензивна нега добивале половина литар пченично пиво преку стомачна цевка секоја вечер во текот на шест дена, додека на другите пациенти им давале само вода, за да се споредат двете групи.
Образложението е дека многу луѓе се навикнати да пијат пиво или чаша вино навечер како дел од нивната нормална дневна рутина.
„Една од можните причини за делириум е алкохолот, кој пациентите редовно го консумираат во многу мали количини. Ако повеќе не го добиваат, стануваат поподложни на делириум“, рече главниот лекар на одделението за интензивна нега во болницата, Мартин Зигмунд. швајцарскиот јавен сервис SRF.
Делириум е состојба на дезориентација што ја доживуваат многу пациенти на интензивна нега и предизвикана од стрес, пренесува Swiss info.
“Пациентите се збунети. Тие веќе не знаат каде се. На пример, можат да мислат дека се во Париз или сакаат да ги видат своите деца иако ги немаат”, рече Зигемунд.
Оваа ситуација е голем предизвик и за медицинскиот персонал и роднините, кои немаат друг избор освен да се обидат пријателски да разговараат со пациентот, но тоа не може да го спречи делириумот.
Зигемунд изјави дека прашањето за согласност на пациентот исто така било разгледано за време на клиничката студија, особено затоа што некои се во несвест.
„Во ретки случаи можеме да побараме пациенти на интензивна нега. Постои став во законот за истражување што ни дозволува да спроведеме таква студија“, рече тој.
Од истражувањето беа исклучени одредени категории на пациенти, како бремени жени или лица кои претходно имале проблем со алкохолот или на кои не им е дозволено да консумираат алкохол од религиозни причини.
Околу 40 проценти од пациентите со итната помош страдаат од делириум. Студијата во Универзитетската болница Базел се очекува да трае до 2027 година. Првите резултати се очекуваат по најмалку една година.