Здравјето треба да биде приоритет за сите, а одамна е познато дека здравата исхрана, со доволно движење, избегнување на стрес и доволно квалитетен сон е еден од темелите на доброто здравје. А дали знаевте дека едноставен трик може да помогне да се спречи ненадеен скок на шеќерот во крвта.
Француската биохемичарка Џеси Иншауспе на социјалните мрежи објави видео во кое се осврнува на студија во која учествувале лица со дијабетес тип 2 која се однесува на редоследот на консумирање храна.
Во ова истражување, испитаниците биле поделени во 2 групи, кои примале иста храна (зеленчук, протеини и јаглени хидрати), но ги јаделе по различен редослед. Имено, научниците сакале да проверат како редоследот по кој испитаниците јадат храна ќе влијае на промената на гликозата и инсулинот кај луѓето кои имаат и дијабетес тип 2.
Првата група го започнала оброкот со зеленчук како брокула или зелена салата со домати, потоа пилешки гради и на крајот јаглехидрати, додека втората група јадела по редоследот што го избрале.
Резултатите покажале дека кај првата група испитаници наглото зголемување на гликозата било намалено за цели 73 отсто. Покажа дека е исклучително важно што прво внесуваме во нашето тело.
„За разлика од традиционалните диететски совети за дијабетес, кои главно се фокусираат на ограничување на количината и видот на храната, оваа пилот студија сугерира дека подобрувањата на нивото на шеќер во крвта може подобро да се постигнат со правилно одредување на внесот на јаглени хидрати за време на оброците“, пишуваат истражувачите во студијата.