Нема Македонец кој не сака сочна пита со јаболка. Тотално кремасто задоволство со необичен додаток.
Неопходно е:
- тенки кори
- 1 поголемо јаболко
- масло
- 2-3 лажици шеќер
- 300 мл млеко
- 2 јајца
- 1 пудинг од ванила
- 2 ванилин шеќер
Подготовка:
Подмачкајте го садот со масло. Секоја кора премачкајте ја со масло и соберете ги како хармоника, па наредете ги една до друга во плех. Помеѓу редовите ставете тенки парчиња јаболка. Ставете ја во рерна 15 минути да заруменат малку. Во тенџере изматете 2 јајца, додадете млеко, пудингот, шеќерот, ванилиниот шеќер и убаво измешајте. Истурете ги печените кори и вратете ги во рерна на 200 степени C уште 20 минути.