Истражувањето открива дека една мала промена кај жените може да открие дали се психопати или не.
Новото истражување открива дека и најмала промена во однесувањето може да открие дали жените се психопати или не. Говорот на телото е клучен фактор што вешто го користат детективите ширум светот, особено кога станува збор за психолошки нарушувања како психопатијата.
Невербалната комуникација, особено динамиката на главата, е важен, но недоволно истражен аспект што може да ја подобри нашата способност да препознаеме одредени форми на психопатологија, вклучително и психопатијата – нагласуваат авторите на студијата „ Sciencedirect “ од Универзитетот во Ново Мексико.
Користејќи алгоритам за автоматско откривање, истражувачкиот тим открил дека жените кои ја држат главата мирна или со минимално движење додека зборуваат често покажуваат високо ниво на психопатски особини.
– Во нашето истражување користевме автоматизирана техника за да ја анализираме положбата и динамиката на главата во контекст на психопатски особини, следејќи ги примерите на жени кои биле притворени во затвори – објаснуваат научниците.
Со цел подобро да го разберат нивното однесување, аналитичарите ги процениле невербалните тенденции на 213 затворенички, кои биле сместени во средно и максимално безбедносно поправни институции во САД, на возраст од 21 до 57 години, пишува Nypost .
Психопатските карактеристики се:
– Немање каење,
– импулсивност,
– неодговорност,
– манипулативност,
– патолошка лажење,
– бесрамност.
Истражувачите анализирале видео снимки од интервјуа со секој учесник во студијата.
Положбите на главата во секоја снимка беа класифицирани во една од трите идентификувани категории на движења: минимално, умерено и екстремно движење. Според резултатите, помалку движења на главата често биле поврзани со поизразени психопатски карактеристики.