Едно лице е застрелано во полициска акција која ноќеска се одвивала во тетовското село Гајре

Едно лице е застрелано во полициска акција која ноќеска се одвивала во тетовското село Гајре. Полицијата требала да приведе лице кое било барано со потерница, а било осомничено во истрага за убиство. При обидот да го уапси, осомничениот пукал со огнено оружје кон полициските службеници на што полицијата возвратила со оган и го ранила.

Ранетиот бил префрлен во Клиничката болница во Тетово, а според неофицијални извори на патот кон болницата тој починал.

Овој инцидент се поврзува со распишаната потерница по убиство кое се случи на 5 јули оваа година кога во Тетово, на улица Штипска беше застрелан 40 годишниот Р.Т додека се наоѓал во својот автомобил. Полицијата се сомневала дека извршител на ова убиство е лицето кое ноќеска е застрелано во село Гајре.

Ова убиство пак се поврзува со продолжување на стара пресметка помеѓу две групи кои претходно имаа оружена пресметка и пред тетовската болница во која едно лице беше убиено, а второто беше тешко рането.