– Руското Министерство за одбрана денес соопшти дека соборило два украински борбени авиона за време на нападот на нивниот десантен воен брод „Новочеркаск“ во Црното Море, при што загина едно лице, а пет други се повредени.
Во соопштението на Министерството се наведува дека два украински борбени авиона „Су-24“ биле соборени за време на нападот на десантниот воен брод „Новочеркаск“, еден од најголемите бродови на руската морнарица.
Подоцна истиот ден, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција во Москва рече дека министерот за одбрана Сергеј Шојгу на претседателот Владимир Путин му презентирал извештај за инцидентот.
„Министерот за одбрана Шојгу го извести Владимир Путин за нападот на Вооружените сили на Украина на (пристаништето) Феодосија и оштетувањето на големиот десантен брод Новочеркаск“, рече тој.
Властите на Крим одделно соопштија дека во нападот биле погодени шест згради и дека пристаништето е затворено поради битката и нејзините последици.
Украина, од своја страна, изјави дека го уништила десантниот воен брод „Новочеркаск“.
„И флотата во Русија продолжува да се намалува! Благодарност до пилотите на воздухопловните сили и до сите вклучени за филигранската работа!“, изјави на Телеграм командантот на воздухопловните сили на Украина, Микола Олешчук.
Русија ја започна својата „специјална воена операција“ во Украина во февруари 2022 година.