Министерството за внатрешни работи на Македонија соопштува дека вчера во 18:05 часот во полициската единица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Ростуше – Дебар патничкото возило „Шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.П.(53) од Дебар, излетал од патот.
„Во несреќата тешко е повреден Б.П., кој по укажаната лекарска помош во Општата болница во Дебар починал.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, извршила екипа на гостиварската полиција“, велат од МВР.