Едно нешто открива дали врската ќе биде успешна

Романтичните врски речиси универзално се сметаат за еден од најважните животни чекори што секој треба да ги преземе. За некои, тоа е одлична мотивација, додека за други создава чувство на притисок. Исто така, постои растечка група луѓе кои воопшто немаат потреба да бараат партнер. Токму различните мотивации за влегување во врска ги зел истражувачот Џеф Мекдоналд како појдовна точка во студија објавена во мај оваа година.

„Мекдоналд дизајнираше прашалник кој мери шест основни видови мотивација за влегување во врска: внатрешна, мотивација поврзана со лични вредности, позитивна и негативна интроектирана мотивација, надворешна мотивација и целосна немотивација. Со анализа на одговорите на повеќе од 1.200 самци, истражувачот ги поврза сите овие мотивации со специфични особини на личноста и модели на приврзаност“, објаснува психологот Марк Траверс за Psychology Today.

Во вториот дел од студијата, во која беа вклучени повеќе од 3.000 самци, Мекдоналд следеше кои мотивации најчесто водат до успешно наоѓање партнер. Резултатите покажаа дека луѓето водени од внатрешна мотивација – оние кои ја гледаат врската како пријатна и исполнувачка – и оние кои ја сметаат за важна животна вредност, беа значително поуспешни во наоѓањето партнер.

Заклучокот од студијата ја истакнува важноста на испитувањето што навистина стои зад нашата желба за врска.

„Ако бараме врска од чувство на притисок, страв или потреба да се докажеме, поголема е веројатноста да се соочиме со тешкотии. Но, кога идејата за врска звучи исполнувачки и вредно сама по себе, тогаш сме во подобра позиција да пронајдеме партнер“, заклучи Траверс.