Едно ново истражување покажува дека жените слушаат подобро од мажите

Впечатокот дека жените често имаат поостар слух од мажите не само што на некои им изгледа точен, туку и постојат научни докази кои го потврдуваат тоа.

Според британските и француските научници, по тестирањето на околу 450 луѓе во 13 земји, тимот открил резултати кои покажуваат дека жените „обично“ имаат амплитуди на слух што се околу два децибели почувствителни од мажите.

„Жените постојано покажуваат поголема чувствителност за 2 децибели во просек низ целиот фреквентен спектар тестиран кај сите популации на примероци“, заклучи тимот на научници во трудот објавен во списанието Scientific Reports.

Кохлеарна чувствителност

Заклучувајќи дека женскиот слух може да биде до 6 kHz поостар од слухот кај мажите во некои популации, истражувачкиот тим тврди дека жените не само што покажуваат „зголемена кохлеарна чувствителност“ – мислејќи на делот од внатрешното уво исполнет со течност што помага да се конвертираат звучните бранови за мозокот да може да ги чита – туку и ги надминуваат мажите на други акустични тестови.

Жените имаат „супериорна функција и во периферниот аудитивен систем и во централниот аудитивен пат“, тврдат научниците, пишува Телеграф.

„Бевме изненадени кога откривме дека жените имаат 2 децибели почувствителен слух кај сите популации што ги измеривме, а тоа е одговорно за повеќето варијации помеѓу поединците“, рече Тури Кинг од Универзитетот во Бат.

Покрај разликите меѓу мажите и жените, тестовите покажаа дека луѓето кои живееле во шуми имале „највисока чувствителност на слух“.

Научниците открија дека населението, околината и јазикот значително придонесуваат за разликите во слухот, во зависност од фактори како што се „различни звучни пејзажи“, нивоа на бучава и изложеност на загадување.

„Нашите наоди ги оспоруваат постоечките претпоставки и ја нагласуваат потребата да се земат предвид биолошките и еколошките фактори при проучувањето на слухот“, рече Патриша Балареск од Центарот за истражување на биодиверзитетот и животната средина (CRBE) во Тулуз.