Едно од најголемите лица на Холивуд, но и на Шведска, а ѕвездата на многубројните филмови, Долф Лундгрен (67) ја шокираше јавноста кога пред неколку месеци откри дека има опасна болест – рак на бубрегот и дека лекарите предвиде дека има уште две години живот. Сепак, овој храбар човек успеа да се избори иако патот не беше воопшто лесен.
Од што страдал Долф Лундгрен?
Пред само осум години, на актерот му беше дијагностициран рак на бубрегот , кој за среќа беше отстранет со операција. Меѓутоа, пред четири години ја дознал страшната вест – ракот се вратил и не се откажал, а овој пат ракот се проширил на белите дробови, ‘рбетот, црниот дроб и желудникот, пишува „ Consequence “. Долф Лундгрен по втор пат го победи ракот и повторно излезе со нови и охрабрувачки вести.
Тој им се обрати на своите следбеници на Инстаграм објавувајќи видео од болничката соба и ги информираше дека ќе оди на операција на белите дробови. Во исто време им кажал дека неговата борба е завршена.
– Само ќе се ослободам од последниот мртов тумор. Бидејќи во моето тело нема повеќе канцерогени клетки, наскоро ќе бидам здрав и со нетрпение го очекувам. Ова беше тешко возење и навистина ме научи како да живеам и да уживам во секој момент од животот – напиша тој.