Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Закинтос, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил во морското подрачје, на 20 километри западно од Волими, на длабочина од пет километри, пренесува Прототема.
Нема извештаи за евентуална штета.