Истражувачите тврдат дека една од десет рана смрт може да се избегне доколку неактивните луѓе посветат само 11 минути на косење тревници секој ден.
Овие кратки, умерени физички активности, како што се брзо одење, танцување, аеробик на вода или дури и градинарство, можат да го намалат ризикот од рана смрт, срцеви заболувања и рак.
Тим на научници од Универзитетот во Кембриџ спроведе истражување и откри дека 75 минути умерено вежбање неделно, или само 11 минути дневно, може значително да ги намали здравствените ризици во споредба со целосниот недостаток на физичка активност.
Експертите анализираа 196 истражувачки написи за здравствените придобивки од вежбањето, во кои беа вклучени повеќе од 30 милиони возрасни лица.
По анализата, тимот на научници заклучил дека една од десет рана смрт може да се спречи доколку неактивните луѓе посветуваат најмалку 75 минути умерено вежбање секоја недела.
Ризикот од рана смрт, срцеви заболувања и рак се намалува како што се зголемува количината на вежбање – велат истражувачите од Универзитетот во Кембриџ. Тие препорачуваат најмалку 2,5 часа умерено вежбање или 75 минути енергична активност секоја недела.
Сорен Брејџ, еден од авторите на студијата објавена во „British Journal of Sports Medicine“, рече:
„Ако некој смета дека идејата за 2,5 часа вежбање неделно е застрашувачка, тогаш нашите наоди треба да бидат охрабрувачки. Покажавме дека дури и 2,5 часа вежбање може да го продолжи животот“.
Науката, исто така, покажува дека хемикалиите што се ослободуваат при косење трева ги прават луѓето среќни и опуштени, што може да помогне да се спречат ментални проблеми во староста.