Експерт Рич Хендл во видеото на Инстаграм објасни зошто потрошувачите треба да избегнуваат омекнувачи. Видеото објавено на Инстаграм профилот на Consumer Reports доби повеќе од 69.000 лајкови и многу коментари.
„Никогаш не користете омекнувач“, започнува тој во видеото и додава: „Прескокнете го омекнувачот и заштедете пари“. „Тоа е губење пари“, вели тој. Зошто? Па, според него, може да остави талог на облеката што потенцијално може да ја иритира чувствителната кожа, но и да ја намали апсорпцијата на крпите.
„Во машината за перење може да се наталожат остатоци од омекнувач, што може да го поттикне растењето на мувлата“, вели тој, додавајќи дека овој остаток од омекнувачот може да ја намали и огноотпорноста на детските пижами.
„Ако сакате омекнувач поради мирисот, одберете детергент со мирис“, препорачува тој или вели дека можете да го испрскате омилениот парфем или колонска вода на хартиена крпа која потоа треба да ја ставите во плакар или фиока за облека.
Рич Хендл е проект-менаџер за тестирање во Consumer Reports кој е специјализиран за перење алишта. Тој тестираше повеќе од 200 машини за перење според веб-страницата Consumer Reports.