Експерт за читање усни откри таен разговор на Кејт, сите се во шок: Состојбата не е добра

Откако Кејт Мидлтон во септември 2024 година објави дека нејзината хемотерапија е завршена, обожавателите на кралското семејство доживеаја огромно олеснување и радост.

Принцезата јасно стави до знаење дека е подготвена да се врати на своите службени должности и вети дека наскоро ќе има повеќе јавни појавувања.

Сепак, Кејт имаше само две официјални појавувања во последните месеци. Прес секретарите на палатата уверуваат дека таа активно работи од дома и често одржува состаноци од дома.

Но, се чини дека нејзината најава за враќање во јавниот живот беше малку прерана.

Неодамна, пак, Кејт учествуваше на значаен јавен настан – „Меморијален ден“ во Велика Британија, на кој традиционално присуствуваат водечките членови на кралското семејство.

Дури и новинарите првично претпоставуваа дека принцезата нема да учествува на церемонијата, но откако на кралицата Камила и се слошило, Виндзорите не можеле да останат без нивниот претставник.

Така, Кејт ја доби честа да присуствува на парадата од балконот, иако и самата изгледаше видно уморно и изнемоштено.

Фановите забележаа дека Кејт не изгледа најдобро. Но, тоа не беа само шпекулации – експерт за читање усни го откри нејзиниот разговор со војвотката од Единбург, Софи.

Според фразите, Кејт признава дека сè уште не се чувствува добро, а Софи ја смирува велејќи и дека изгледа одлично и дека сето тоа наскоро ќе биде готово. Очигледно, болеста се уште не е целосно исчезната, а тоа е главната причина поради која Кејт ретко се појавува на јавни настани. Разговорот меѓу двете дами е објавен во Дејли Меил.