Експлодира бомба во Цетиње, има жртви

Едно лице загина утрово во Цетиње при експлозија на бомба во близина на Спортскиот центар.

Како што соопштија од полицијата за порталот РТЦГ, има неколку повредени лица.

Како што пренесува Цетињски лист, нешто по 9 часот одекнала силна експлозија пред влезот на Спортскиот центар. Од силината на експлозијата искршени се стаклата на централниот објект и откорнато дрво. 

Сите екипи на располагање се на терен“, кусо не информираа од полицијата. 

Од Итна помош за порталот РТЦГ изјавија дека се на терен и работат на лекување на повредените. 

Истрагата е во тек. 

Според неофицијални информации, жртвата била член на криминалниот клан Шкалјар.

Извор од врвот на Полициската управа соопшти дека на повредите им подлегнало уште едно лице, член на истата организирана криминална група.