Русија стана жариште на технолошки компании специјализирани за интернет шпионажа. И не само тоа, весникот New York Times (NYT), повикувајќи се на документи кои ги добиле од инсајдери, пишува дека веќе е забележана активност во која се продаваат нови системи за надзор на странски моќни веб-страни.
Имено, Русија не само што врши агресија врз соседната земја, туку и репресија врз граѓаните кои не се согласуваат со војната во Украина. Руските власти, пишува NYT, собрале арсенал технологии за следење на комуникациите на граѓаните и зголемен надзор над активностите на неистомислениците во Русија.
Се развива цела „подземна“ индустрија во која експертите наоѓаат нови начини за следење и предавање тајни документи на ФСБ и руската полиција за да можат да ги следат приватните мобилни телефони и веб-страници. Се почесто се мета на напад и комуникацијата преку апликации со шифрирани пораки кои рекламираат највисоко ниво на безбедност против шпионажа како што се Signal, Telegram и WhatsApp. Руските фирми за шпионски алатки пронајдоа начини да го анализираат и нивниот ‘сообраќај’ односно нивниот приватен живот на паметните телефони.
Според угледниот американски дневен весник, Русија досега заостануваше зад земјите како Кина и Иран во овој поглед, но сега брзо го фаќа чекорот, а се очекува дека неодамнешниот бунт на Евгениј Пригожин, првиот човек на платеничката група Вагнер, ќе ја зголемат гладта за шпионажа технологија.
„Луѓето станаа многу параноични затоа што, ако комуницирате со некој во Русија, не можете да бидете сигурни дали е безбедно или не. Тие многу активно го следат интернет сообраќајот“, коментира Алена Попова, руска опозициска политичарка и активистка за дигитални права за американскиот весник и додава: „Порано оваа технологија беше насочена само против активисти. Сега тие ја проширија на секој што не се согласува со војната“.
Станува збор за малку познатите компании MFI Soft, Vas Experts и Protei, кои претходно работеа на инвазивни системи за прислушување, а потоа почнаа да произведуваат понапредни алатки за разузнавачките служби во земјата.
Документите што ги добил весникот вклучуваат фотографии од екранот (screen-shot), е-пошта и инженерски шеми, а се добиени од лице со пристап до внатрешните записи. Од неколку стотици датотеки, околу 40 детално ги опишуваат алатките за следење.
Многу од компаниите се во сопственост на групацијата Citadel, некогаш делумно контролирана од Алишер Усманов, кој своевремено беше познат како „омилениот олигарх на Владимир Путин“.
„Новоразвиените алатки може да препознаат кога луѓето прават гласовни повици или испраќаат датотеки на шифрирани апликации за разговор како Telegram, Signal и WhatsApp. Софтверот не може да пресретнува пораки, но може да утврди дали некој користи повеќе телефони, да ги мапира нивните контакти со следење комуникација со други и триаголник кои телефони биле на одредени локации во даден ден“, пишува New York Times и додава дека некои се дизајнирани да собираат лозинки внесени на необезбедени веб-локации.
Еден документ го споменува „пазарот за прислушување“, синџир на снабдување на опрема и софтвер кој ги поместува границите на дигиталниот масовен надзор.
Според Адријан Шахбаз, ефектите од прелевање најпрво ќе се почувствуваат во околниот регион, а потоа потенцијално и во светот. „Во суштина, тие инкубираат нова група руски компании кои се појавија како резултат на репресивните интереси на државата“, вели Адријан Шахбаз, аналитичар во невладината активистичка организација Freedom House, која ја следи состојбата на демократијата и човечката права низ светот.
Една од компаниите кои профитираа од почетокот на војната во Украина е Citadel, која веќе купи многу од најголемите руски производители на опрема за дигитално прислушување. Citadel, според американскиот Стејт департмент, контролира 60 до 80 отсто од пазарот на технологија за телекомуникациски надзор. Во февруари, САД објавија санкции против таа компанија и нејзиниот сегашен сопственик Антон Черепеников, пишува NYT.
„Секторите поврзани со војската и комуникациите добиваат многу средства во моментот бидејќи се прилагодуваат на новите барања“, вели Ксенија Ермошина, истражувач која ги проучува руските компании за надзор со Citizen Lab, истражувачки институт на Универзитетот во Торонто.
Една од алатките, наречена NetBeholder, може да ги мапира локациите на два телефони во текот на денот за да разликува дали тие налетале еден на друг во исто време, што укажува на потенцијална средба меѓу луѓето.
Друг систем заклучува дали некој користи два или повеќе телефони. NetBeholder може да го одреди регионот во Русија од кој е корисникот или земјата од која доаѓа доколку е странец.
Protea нуди производи од глас во текст за пресретнати телефонски повици и алатки за идентификување на „сомнително однесување“, се вели во еден од документите.
Скалата на собирање податоци во Русија и новите алатки прават, според Ксенија Ермошина, „убиствена комбинација“, која е се поприсутна низ целата земја.
NetBeholder може да идентификува кои податоци каде течат, објаснуваат од NYT. Може точно да одреди кога некој испраќа датотека или се поврзува со гласовен повик на шифрирани апликации како WhatsApp, Signal или Telegram. Ова и дава на ФСБ, наследничка на КГБ, пристап до важни метаподатоци, општи информации за комуникациите. На пример, кој со кого разговара, кога и каде, како и дали датотеката е прикачена на пораката.
Кога бараа такви податоци во минатото, владите беа принудени да ги бараат од сопствениците на апликации, како што е компанијата Meta во случајот со WhatsApp. Овие компании потоа одлучуваа дали да ги предадат информациите на службите.
Овие нови алатки ги вознемирија безбедносните експерти и креаторите на шифрирани услуги, пишува NYT.
Истражувач во Freedom House, очекува дека руските компании на крајот ќе станат конкуренти на вообичаените добавувачи на алатки за надзор.
„Кина е лидер на дигиталниот авторитаризам“, вели тој истражувач и додава – „но во Русија тие прават огромни напори да ги променат регулативите на Интернет за да бидат повеќе како Кина. Русија ќе стане конкурент на кинеските компании“.