Откако експлозии ги потресоа магацините за оружје и муниција во источната кубанска провинција Холгин, 13 војници се водат како исчезнати, соопштија кубанските вооружени сили.
Експлозиите ја потресоа малата рурална заедница Мелонес , лоцирана на 724 километри југоисточно од Хавана, објави Ројтерс.
Надлежните соопштија дека експлозиите настанале од пожар на градилиштето, а инцидентот е под истрага. Кубанската армија извести дека во експлозиите во магацинот за оружје и муниција исчезнале четворица офицери и девет војници.
Imágenes de la explosión de un almacén de guerra del ejército cubano en el oriente de la isla #Cuba. Contexto: https://t.co/HFeNUI8JRp pic.twitter.com/RgXOsziwki
— Mario J. Pentón (@MarioJPenton) January 8, 2025
Видеата на социјалните мрежи покажаа облаци од темен чад и пламен над шумата во близина на Мелонес. Војниците и локалната полиција ги обезбедуваа пристапните патишта до локацијата каде што се случи експлозијата, додека спасувачките екипи и пожарникарите работеа на нејзино гаснење.
Официјални лица претходно соопштија дека 361 лице биле евакуирани на безбедно место по експлозијата.