Најмалку 12 руски војници загинаа, а осум се ранети во експлозија во центар за обука во јужна Русија.
Војниците загинаа во несреќна експлозија на 3 ноември на воениот полигон Кузмин во Ростовската област.
„Околу 20 лица подметнаа пожар во близина на резервите за муниција за време на паузата за ручек. Во огнот се стркала граната РПГ-7 и експлодирала“, цитира 161.ru владин извор.
Руските власти покренаа истрага за инцидентот, пишува themoscowtimes.
Четворица од војниците првично ја преживеале експлозијата, но подоцна починале во болница.
Убиените војници, наводно, биле маринци од регионот Приморје на далечниот исток на Русија.
Шефот на руската Пацифичка флота по смртоносната експлозија отпатува во воениот полигон Кузмин, но целта на посетата не е позната.
Инаку, во Ростовската област е главната команда за војната во Украина.