ЕКСПЛОЗИЈА УДРИ БЛИЗУ ДО РЕЗИДЕНЦИЈАТА НА ВЛАДИМИР ПУТИН! Црн чад над Краснодар – се појави видео на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Засега не се знае дали се работи за напад со дрон или за саботажа.

Голема експлозија одекна во нафтена рафинерија во Краснодар, на само 130 километри од резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин на Црното Море.

Засега не се знае дали се работи за напад со дрон или за саботажа.

Експлозијата се случи откако руски генерал загина во ракетен напад. Според Дејли Мејл, Русија претрпе два тешки удари додека Украина ја засили својата офанзива, при што силите на Киев тврдат дека ослободиле најмалку четири села на фронтот.

Засега нема превземено одговорност за нападот на Краснодар.

На социјалните мрежи утринава се појави видео од рафинерија за нафта во Краснодар, на кое се гледа како пламен и густ црн чад излегува од објектот по нападот.

Градот Краснодар е главен град на Краснодарската област, која е поврзана со анектираниот Крим преку теснецот Керч. Краснодар, наводно, е клучна врска и центар за снабдување на окупираниот Крим.

– Пожарот избувнал во фабриката за преработка на дизел – пренесува локалниот портал Кубан њуз и додава дека интервенирале повеќе од 130 пожарникари.

Според Дејли мејл, резиденцијата на Путин се наоѓа на врвот на карпа, вреди околу една милијарда евра, има подземен бункер и лозје, а од местото на експлозијата е на помалку од 130 километри.

Во последните месеци имаше чести напади во границите на Русија.

Се верува дека Украина или проукраинските групи користат беспилотни летала со месеци за да ја нападнат клучната инфраструктура како што се рафинериите за нафта или воените бази.

Градот е оддалечен околу 320 километри од фронтот во Украина.

Русија изврши масовен ракетен напад во текот на ноќта врз централниот украински град Кривји Рих, родното место на претседателот Володимир Зеленски, при што загинаа најмалку три лица, а беа повредени 25, соопштија украинските власти рано во вторникот.