Екстремниот десничар Палудан запали примерок од Куран пред џамија во Данска

Расмус Палудан, лидерот на данската крајно десничарска партија Цврст курс (Stram Kurs), денес под заштита на полицијата го изведе провокативниот чин на палење на светата книга Куран, пред џамија во Копехнаген, главниот град на Данска.

Палудан кој на 21 јануари го запали Куранот пред турската амбасада во шведската престолнина Стокхолм, овојпат провокативниот чин го изведе во Копенхаген.

Палудан пред џамијата во квартот Дортхеавеј по џума-намаз (петочна молитва), запали примерок од Куран.

Лидерот на екстремната десница најпрвин мавташе со светата книга за да го привлече вниманието на муслиманите додека ја напуштаа џамијата по молитвата.

Верниците само погледнале во правецот на Палудан и не реагираа на неговите провокации. Претставниците на џамијата ги советуваа муслиманите по молитвата да се одалечат од тоа поддрачје за да избегнат било какви провокации.

Данската полиција ја затвори улицата во околината и презеде строги мерки на обезбедување околу џамијата. Во еден момент полицијата предупреди група млади муслимани кои во раце држеа вода и апарат за гаснење на пожар.

Палудан под заштита на полицијата го напушти тоа подрачје по 40 минути.

Ова не е првпат

Халид ал-Субејхи, волонтер во џамијата, во разговор за Агенција Анадолија рече дека навикнале на вакви ситуации, што не е првпат.

Потсети дека Палудин повеќе од две години изведува иста провокација пред џамиите во Данска.

„Нашата порака до него е: „Не прави го тоа. Тоа не е слобода на изразување. Ова е провокација за муслиманската заедница во Данска“, рече ал-Субејхи.

Додаде дека е важно муслиманската заедница да не биде испровоцирана.

„Тој е болен човек. Тој сака да ги испровоцира муслиманите“, рече тој.

Турскиот државјанин Седат Гузел истакна дека „99 отсто од данските граѓани се против провокациите на Палудан“.

Палуданвчера на профилот на социјалните мрежи најави дека ќе запали примерок од Куран пред џамија во Данска, како и пред турската и руската амбасада, а данските власти му дадоа дозвола тоа да го направи.

Палудан запали Куран во Шведска

Палудан на 21 јануари под заштита на полицијата запали примерок од Куран пред турската амбасада во Стокхолм, гланвиот град на Шведска.

Многумина муслимански држави, посебно Туркије, силно реагираа поради тоа што шведската влада му дозволи на Палудан да го изведе провокативниот чин на палење на Куранот.

Едвин Вагенсвелд, водачот на холандското движење „Патриотски Европјани против исламизација на Западот“(PEGIDA), минатиот викенд исто така искина примерок од Куран во Хаг.

Во Туркије и многу други држави одржани се бројни протести по сквернавењето на светата книга Куран во Шведска и Холандија.

AA