Семејството и пријателите на Никол Кидман се сè позагрижени за нејзиното здравје поради нејзината екстремна слабост.
Секогаш слабата 56-годишна Австралијка ослабела дури 10 килограми во последните неколку месеци, пренесуваат американските медиуми. Нејзината премногу слаба фигура стана нашироко зборувана на почетокот на ноември кога Никол Кидман присуствуваше на годишните награди на кантри музичкото здружение во Нешвил со нејзиниот сопруг Кит Урбан. Фустанот од црно парче со длабоко деколте и откриена средина, покажа колку навистина е слаба актерката. Оттогаш не престануваат шпекулациите за нарушувањето во исхраната и озборувањата за причините за дополнителното слабеење.
RadarOnline.com сега цитираше една загрижена пријателка на актерката која вели дека Никол Кидман е исклучително слаба, толку многу што можете да и ги „броите коските“.
„Секоја коска и се гледа, а рацете и нозете и се толку тенки што делува дека слаб ветер може да и ги скрши како гранче“, изјавила пријателката за споменатиот веб-портал и додала: „Ослабела толку многу што изгледа дека треба да биде хоспитализирана“.
Сигурни извори на кои се повикуваат различни медиуми тврдат дека Никол Кидман одлучила да изгуби уште неколку килограми, иако отсекогаш била на работ на здрава тежина, поради страв од конкуренција на помладите колешки како Џенифер Лоренс и Маргот Роби.
„Се плаши дека и поминало времето“, изјавил еден извор и додал: „Таа е убедена дека колку е послаба, толку подобро ќе изгледа. Никол Кидман е откачена. Кит Урбан се обидел да и каже дека мора да внимава повеќе на своето здравје, но таа не го слушала“.
Иако приказната не стивнува, актерката и нејзините ПР агенти сè уште не ги немаат коментирано овие пишувања. Зошто би се плашела за својата кариера, освен стандардниот холивудски проблем со актерките кои поминуваат 40 години, не е јасно. Откако се најде на А-листата, таа работи без престан. Таа ги добиваше главните улоги и големи хонорари дури и кога беше нападната од сите страни поради очигледната и обилна употреба на ботокс и филери. Се пишуваше дека поради ова не може да се покаже ниту една емоција, па режисерите и го вртеле грбот. И не беше така. Оскаровка пред себе има дури осум проекти во различни фази на реализација.