Европската комисија објави дека ја спречила американската онлајн туристичка агенција Booking да ја преземе шведската агенција за резервации на летови Етравели за 1,63 милијарди евра.
Европската комисија смета дека Booking со тоа ќе ја зајакне својата доминантна позиција на европскиот пазар.
ЕК наведе дека претходно ја предупредила компанијата Букинг дека е загрижена поради најавеното преземање, но дека американската компанија не успеала да ја одврати, пренесува АП.
По истрагата, ЕК заклучи дека преземањето ќе доведе до повисоки трошоци за хотелите и може да има негативно влијание врз потрошувачката на потрошувачите.
„Забраните се ретки, ова е прво спојување на компании што е блокирано оваа година“, изјави европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.
Според податоците на Европската комисија, онлајн туристичките агенции годишно обработуваат трансакции вредни повеќе од 100 милијарди евра.