„Наполитанците“ не само што го одбранија резултатот од првиот натпревар, туку повторно славеа на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт, овојпат со 3:0, со што станаа третиот италијански претставник по Интер и Милан што оваа година се пласираа во четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Последен пат ова сценарио се случи пред 17 години, поточно во сезоната 2005/2006 кога Јувентус стигна до четвртфиналето заедно со двата милански гиганти. Избраниците на Лучијано Спалети веќе го зграпчија Скудетото со едната нога, а Виктор Осимхен со два гола и Зиелински со еден им овозможија да постигнат успех што никогаш не го постигнале во Лигата на шампионите.
Нашиот Елиф Елмас доби нешто повеќе од 15. минути во триумфалната победа на Наполи.