Емануел Макрон пееше на улица: Претседателот на Франција изненади група малди луѓе на кои им се придружи во изведбата на песна која ја знаат сите Французи (видео)

На социјалните мрежи се појави видео од претседателот на Франција, Емануел Макрон, на кое се гледа како тој како пее традиционална песна на улица по вчерашното телевизиско обраќање, во кое се обидува да ги смири тензиите што избувнаа во Франција поради непопуларната пензиска реформа.

На видеото се гледа како Емануел Макрон од телефон ги чита зборовите на „Le Refuge“, песна за кабина во планинскиот венец на југозападната граница на Франција со Шпанија.

Некои корисници на социјалните мрежи по објавувањето на снимката се сомневаа дека видеото е лажирано со помош на вештачка интелигенција или други средства.

Блиски луѓе на Емануел Макрон изјавија за AFP дека видео-снимката е вистинска, објави France24.

Претседателот одвои момент со сопругата по неговиот говор во понеделникот вечерта. Наишле на група млади луѓе кои пееле… па им се придружил во песна од Пиринеите која ја знае и ја сака“, потврдил изворот за AFP.

Емануел МакронФранција