ЕМБАРГО ЗА РУСИТЕ ВО ЕВРОПА !? Балтичките земји ги затворија границите за возила со руски регистарски таблички: “Доколку не се вратат, може да бидат конфискувани!“

Естонија, Литванија и Летонија ги затворија своите граници за возила регистрирани во Русија, се вели во официјалното соопштение за печатот на Владата во Талин во средата.

Во согласност со насоките на Европската комисија, од среда наутро никој не може да влезе во Естонија со автомобил со руски регистарски таблички.

Трите балтички држави ги применуваат истите правила како мерка на претпазливост против руската инвазија на Украина.

Автомобилите со руски регистарски таблички не можат да ги преминат надворешните граници на три држави, членки на НАТО и ЕУ, а во случај да не се свртат и да се вратат таму од каде што дошле, може да бидат одземени.

Постојат исклучоци од правилото, како во случајот на транзит до рускиот град Калининград, а изземени се и автомобилите кои припаѓаат на дипломатско-конзуларните претставништва.

Автомобилите со руски регистарски таблички можат да ги напуштат балтичките земји и да ја преминат надворешната граница на ЕУ доколку се користат исклучиво како превозно средство.

На 8. септември, Европската комисија појасни дека, како дел од европските санкции против Русија, возилата регистрирани во Русија повеќе не можат да влезат на територијата на ЕУ, ниту за приватни, ниту за комерцијални цели.

Не можеме да дозволиме граѓаните на државата агресор да ги уживаат придобивките од слободата и демократијата додека Русија го продолжува геноцидот во Украина“, порача естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Цахна.

Европска унијаЕстонијаЛетонијаЛитванијаРусијасанкции